Кокаин, злато и пиштол запленети на ГП Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани дрога, златен и сребрен накит, гасен пиштол, цигари, фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Пет грама кокаин биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на патничко моторно возило со германски регистарски ознаки, управувано од турски државјанин, кој бил придружуван од еден германски и еден турски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Кокаинот, кој бил пронајден во најлонско ќесе сместено во латицата на задното седиште, е привремено задржан, а против сопатникот со германско државјанство е отпочната соодветна постапка.

 

Loading...

 

Вкупно 107 грамa златен накит биле откриени при контрола на патничко моторно возило со швајцарски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавениот златен накит, пронајден во хартиена салфетка облепена со бела селотејп трака, сместена во наслонот за раце што се наоѓа помеѓу двете предни седишта на возилото, е привремено задржан, а против возачот е отпочната соодветна постапка.

 

 

Гасен пиштол марка ZORAKI 918-T со калибар 9 милиметри и 75 парчиња чаури  за гасен пиштол марка TITAN со калибар 9 милиметри, откриени биле при контрола на патничко моторно возило со австриски регистарски ознаки, управувано од австриски државјанин, пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавениот гасен пиштол и муниција, пронајдени во фиоката сместена помеѓу двете предни седишта, покриени со најлон ќесе, се привремено задржани, а против возачот е отпочната соодветна постапка.