01.11.2017 02:33

Која ракија што лечи?

loading...

Природен непријател на сите вируси и бактерии. Лутиот пијалок успешно се справува и со болките во мускулите, а често се користи и за дезинфекција на рани.

Ракија од сливи

Овој вид ракија е многу силна, жолтеникава, со јаа мирис кој потсетува на чист алкохол.
Таа ги ублажува болките во стомакот, особено ако сте претерале со тешка или лоша храна. За кратко време ги разградува непотребните материи во организмот.

Здравствените придобивки од пиењето ракија

Ракија од билки

Голем е изборот на ракија со билки, всушност има толку видови ракија од билки, колку природата дала билки. Тоа е една од најпознатите лековити пијалоци, за тоа сведочи специфичниот мирис, кој се разбира зависи од видот на билките во ракијата. Бојата на овоја вид ракија повторно варира од жолта, дури до зеленкаста нијанса. За болки во грбот, лекот е масажа со ракија од пелин.

Ракија од мед

Медената ракија исто е со непроценлива вредност како лек, особено онаа која содржи прополис. Исклучително вкусна ракија (пивка ракија што би рекле мераклиите), содржи значително мала количина алкохол, во споредба со досега споменатите видови. Но, убавиот мек вкус во комбинација со здрав мирис, лесно може да ве излаже, затоа внимателно со шишето.

Гроздова ракија

Одлична е во борбата против забоболка. Ако ве боли заб, напиете една до две чашки гроздова ракија, тоа е лесна анестезија за заболеното место. Напиете уште неколку, ќе постигнете блага “анестезија” на целото тело, така и на умот.

Освен вода, редовно конзумирајте млеко, пиво и зелен чај

Мастика

Исто така домашна ракија со долга историја, која се подготвува од билката анасон, која е корисна против болките во стомакот, но е особено добра и за дишните органи.

Црнка ракија

Логично, тоа е ракија од ореви, кои се добро познати по своите лековити својства. Зајакнува коренот на косата, го регулира нивото на мастите во крвта.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments