Која е максималната возраст над која не може да се живее?

Сподели со своите пријатели

Максималната природна должина на човечкиот животен век не може да биде подолга од 125 години, покажале резултатите од студија спроведена на Медицинскиот факултет „Алберт Ајншајтн“ во Њујорк. Истражувањето е објавено во списанието „Nature“.

Истражувачкиот тим на чело со професорот Јан Виг, се обиде да дознае зошто луѓето не можат да живеат подолго од 125 години. Најстарата личност на светот официјално е Французинката Жан Калмент која почина во 1997 година, на возраст од 122 години.

Научниците тврдат дека луѓето не можат да живеат подолго од 125 години бидејќи секое тело достигнува одредена граница на пропаѓање по кое нема враќање назад во претходната состојба. Иако на прв поглед изгледа дека животниот век се продолжува, научниците сфатиле дека таа појава е делумно предизвикана од намалениот степен на смртност на новороденчињата и децата, што ја померува горната граница на просечниот животен век.

Научниците користеле податоци од 41 земји во периодот од 1968 и 2006 година. Донесен е заклучок дека во просек луѓето живеат подолго, но до одредени граници и до 125 години. Луѓето многу ретко доживуваат толку длабока старост.

Французинката Калмент е единствената личност чиј животен век е документиран 122 години. Просечниот животен век на најстарите луѓе што живеат на Земјата е 115 години.