Кој всушност стои зад моментално најшокантната книга чии детали ја тресат Белата куќа?

Сподели со своите пријатели

Книгата на Мајкл Вулф, „Оган и гнев: Внатрешноста на Белата куќа на Трамп“, која открива сочни детали од животот на претседателот на САД, Доналд Трамп и неговото семејство, веќе со денови ги полни насловните страници на светските медиуми, а од Западното крило секој час пристигаат деманти и обвиненија дека книгата е заснована на фикција и полна со лажни факти.

СараСандер, секретар за печат во Белата куќа книгата ја нарекува „треш таблоид фикција“, а во своја одбрана Вулф порачува дека има многу кредибилни извори од високо ниво и дека направил над 200 интервјуа како со Трамп, така и со неговиот персонал.

Во интервју на телевизијата NBC, Вулф вели дека претседателскиот персонал на Трамп гледа како на дете.

– За опишување на претседателот Трамп сите кои ги интервјуирав користат еден збор. Сите велат дека се однесува како дете. Се однесува како флипер, пука секаде наоколу, рекол Вулф, а пренесува ВВС.

Авторот на книгата ги демантира и наводите од Белата куќа дека никогаш не разговарал со американскиот претседател, како и дека книгата е преполна со лаги. Порачува дека со Трамп разговарал по инаугурацијата и дека е опуштен што се однесува до се што е напишано во книгата.

Објавувањето на книгата, инаку, се обиделе да го спречат адвокатите на американскиот претседател, а во неа, меѓу другото, се наведува дека Трамп не очекувал изборна победа.

По се, одлучено е дека книгата треба да биде објавена денес.

Иако книгата на Вулф крена многу прашина и ја стресе Белата куќа, веродостојноста на некои делови е доведена во прашање.

Како аргумент, Вулф наведува дека разговорите со персоналот на Белата куќа често биле полуофицијални или некои работи му ги кажувале во доверба.

Во една прилиак Вулф ја открил својата импресија, а тоа е дека целиот персонал, па и семејството на Трамп, сметаат дека тој е неспособен да ја врши функцијата за која е избран.

Вулф (64) инаку пишувал за Гардијан, Њујорк Тајмс, Венити фер. Познат е по биографијата на медискиотмогул Руперт Мардок – „Човекот кој поседува вести“ која е објавена во 2008 година.

Некои негови текстови предизвикале големи контроверзии.