Кои се луѓето од кои зависи кој ќе биде новиот претседател на САД?

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави е шеф на државата и на Владата на САД. Претседателот е на чело на извршната власт на сојузната влада, чија улога е да ги спроведува државните закони како што ги пропишува Уставот на САД и Конгресот на САД. Претседателот е командант на вооружените сили на САД.

Покрај тоа, има и дуги ексклузивни права доделени според Уставот, вклучувајќи и да потпишува или забранува закони изгласани од Конгресот, да формира кабинет од советници, да помилува осуденици, и, со совет и согласност на Сенатот на САД, да склучува меѓународни договори, да назначува сојузни службеници, амбасадори, сојузни судии и судии на Врховниот суд на САД.

Предизборната хистерија во САД не престанува, до зиборите остануваат уште три недели,а  битката помѓеу Трамп и Клинтон беснее.

Милиони Американци на 8ми ноември ќе тргнат на бирачките места да одлучат кој ќе се всели во белата куќа, но самиот процес за избор на претседател нема ни одблизу да биде готов.

Во моментот кога Американците ќе ги земаат гласачките ливчиња во раце, вниманието е ансочено кон ситем на т.н. електори, но за да дознаете што е тоа мора да следите од почеток.

Америка е федерација со која управува централна, федерална власт која ја сочинуваат три гранки: судска, извршна (претседател и неговиот кабинет) и законодавна власт (Конгрес, кој го сочинуваат Сенат и Претставнички дом). Претседателските избори се одржуваат на секои четири години, претседателот може да има најмногу два мандати, а тој или таа можат да станат секоја личност родена во САД, со американско државјанство, најмалку 14 години да живее во САД и да е постара од 35 години и според непишано правило зад себе да ги имаат Републиканската или Демократската партија.

Редовно постојат и други кандидати за претседател, но поради двопартискиот систем по правило се невидливи.

Американските избори за претседател не се непосредни, туку посредни. Бирачите излегуваат на гласачките места, но претседателот станува оној кој ќе освои мнозинство од гласовите на Електорски колеџ. Електорскиот колеџ се состои од вкупно 538 електорски гласови, а за победа треба да се соберат 270.

Како тие работи, гласањето на бирачите и електорите се поврзани?

Бројто на електорски гласови е еднаков на бројот на сенатори и претставници во претставничкиот дом. Секоја од сојузните америакнски држави има два сенатори, а бројот на претставници во Претставничкиот дом зависи од бројот на жителите на секоја поединечна држава.

Секоја од државите кои се делат на: „сигурни“, оние кои традиционално тежнеат кон републиканците или демократите, „неодлучни“ – односно т.н. swing states во кои не се знае кој би можел да добие – има и одреден број електори, односно електорски галсови и нивниот број повторно зависи од бројот на населението. Минимален број на електори е три, колку имаат Аљаска и Монтана. Најмногу има Калифорнија, дури 55. Електорите во 99% од случаите одразуваат волја на самото избирачко тело.

Имено, кога Американците на 8ми ноември ќе излезат на гласачките места и ќе го заокружат претстедателскиот кандидат (па го пополнат останатиот дел од гласачкото ливче и донесат одлука околу делот за гувернер, третина на Сенатот, заспатници во Претставничкиот дом), тие во суштина гласаат за електори на тој претседателски кандидат, кои по законска обврска или партиска стега му се обврзале на верност.

Во поглемиот дел од државите, во суштина во сите освен Мајн и Небраска, кои гласовите ги делат пропорцинално по окрузи, електорите своите гласови ги даваат на кандидатот кои освоил најмногу гласови во таа држава, додека важи правилото „победникот добива се“, но тоа ќе се случи дури кон средината на декемри, односно првиот понеделник по втората среда во декември по претседателските избори.

Причината зошто баш тогаш, како и за самата институција електори, треба да се бара во миантото, во времето кога тие работи не се решавале како денес, со еден клик на глувчето. За собирање на електорите, како огледало на анродот, требало време. Времето било пресуден фактор и за одредување на останатите клучни датуми на изборниот процес.

Имено, во 18 век кога Америка за прв пат гласала, на поголемиот дел од руралното население и биле потребни неколку денови да дојде до бирачките места. неделата била резервирана за црква, во понеделник не би пристигнале, па вторник бил најприродна опција како ден за гласање. исто е и со декември. Американските фармери тогаш имаат пауза, жетвата е завршена, а снегот се уште не ги затрупал патиштата.

Поради начинот на кој е воспоставен системот, на зиборите може да победи кандидат кој во суштина добил и помал број на гласови. Баш тоа се случи на изборите во 2000 година, кога во трката за белата куќа беа Ал Гор и Џорџ Буш. Гор доби половина милион гласови повеќе, но Буш стана претседател затоа што ги имаше електорите на своја страна.

Каок воопшто се станува електор? Се работи за процес кој се состои од две фази.

Првата фаза ја контролираат политичките партии, според правилата кои важат во секоја држава. Лицата заинтересирани да станат електори се јавуваат за таквата функција сами и започнуваат кампања или пак ги номинираат самите партии па подоцна ги бираат на државните партиски конвенции или ги гласаат на централните партиски одбори.

Главно станува збор за лица кои на некој начин се пворзани со партијата или самиот партиски кандидат, а нивниот избор значи дека ќе им се признае нивниот доприност или посветеност кон партијата. Имено, првата фаза се сведува на тоа секој претседателски кандидат да приспо единствена група на негови потенцијални електори.

Втората фаза од процесот на креирање електор ја контролираат бирачите – го заокружуваат претседателскиот кандидат, односно нему прилепените електори. Уставот, не споменува квалифиации кои мора да се задоволат за да некој стане електор, но пропишува кој тоа не може да биде. Електори не можат да бидат членови на Конгрес, високорангирани американски функционери кои се во позиција на поверливост или корист и некој кој учествува во побуна против САД.

Белата куќа во Вашингтон е седиште и резиденција на Претседателот на САД. Платата на претседателот на САД е 400.000 американски долари.

Од крајот на 20. век, кога САД се единствена супер-сила, Претседателот на САД често се нарекува „најмоќна личност на светот“ и секако е една од највлијателните и најпознатите личности во светот.