Кога такси возач сфаќа дека освоил 24 милиони фунти (видео)

Сподели со своите пријатели

Педесетгодишниот Амо Рисели од Глучестер веќе дознал дека поседува добитно ливче, но во присуство на своето семејство сакал уште еднаш да се увери во тоа.

Таткото не пет деца дознал дека освоил пари на лотарија, но не знаел колку. Во друштво на своето семејство ја повикал лотаријата за да провери за кој износ се работи, а кога слушал сите колективно започнуваат да врескаат.

 

Loading...

 

Интересно е што овој таксист два дена не знаел дека добил на лотарија, а тикетот цело време бил во неговиот џеб. Подоцна го доверил на својата мајка Марија на чување, па дури по Новата година се сетил да ги провери броевите.

– Ќе ми недостигаат моите пријатели од работа затоа што многу се смеевме заедно, но одлучив да се повлечам само затоа што конечно можам. Можеби сум мултимилионер, но и натаму сум обична личност како што секогаш бев само со малку повеќе пари, рекол самохраниот татко на пет деца.

Инаку, неговата сопруга е пронајдена мртва откако доживеала срцев удар и апднала на елка непосредно пред Божиќ во 2013 година. Само неколку недели подоцна и самиот Ами доживеал срцев удар.