Кога САД ќе ја пресели амбасадата во Ерусалим?

Сподели со своите пријатели

„До крајот на годината? Зборуваме за различни сценарија – јас очигледно мислам дека тоа ќе биде на привремена база. Не го разгледуваме тоа. Одговорот е не, рекол Трамп во интервју за Ројтерс, во коментарот на изјава на Натенјаху.

Натенјаху денеска во изјавата за израелските медиуми на патот кон Индија рече дека неговата цврста проценка е дека преместувањето на амбасадата ќе оди многу побрзо од што се мисли – во рок од една година.

Трамп кон почетокот на декември направи промена во повеќедецениската политика на САД и го призна Ерусалим за престолнина на Израел и со тоа го започна процесот за преместување на амбасадата од Тел Авив, со што ги загрози мировните напори на Блискиот исток и го вознемири арапскиот свет и запдните сојузници, наведува британската агенција.