КК ”Пинк Пантери” на гости кај европскиот гигант Фенербахче (галерија)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб ”Пинк Пантери” од Куманово изминатиот викенд престојуваа во Истанбул, Турција каде беа гости на славниот европски гигант Фенербахче.

Loading...

Ако се земат во предвид и изминатите гостувања и турнири на кошаркарскиот клуб Пинк Пантери во последните неколку години,  тие дефинитивно се бренд број еден во Македонија кога станува збор за репрезентирање на македонската клубска младинска кошарка, надвор од нашите граници.

[huge_it_gallery id=”28″]

По турнирите во Шпанија, Грција, Бугарија, Хрватска, Босна, Србија, Германија, Унгарија, Италија и Словенија во изминатиот период, овојпат младите кошаркари на Пинк Пантери од селекцијата 99 и 2000 – та година,  достојно ги презентираа Куманово и државата и во Истанбул, Турција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ГФК Куманово го пречекува ФК Фортуна: Дојдете масовно и навивајте коректно!

Таму  беа одиграни два натпревара, соопшти Бојан Златковски, директот на кумановскиот клуб ”Пинк Пантери”.

– Во првиот натпревар против Фенербахче бевме поразени со 70-58, а вториот одигран натпревар го добивме  со 61-59. Нашите кошаркари родени 1999 и 2000 годиште одиграа два одлични натпревари  и рамноправно се носеа против нивните селектирани играчи родени 2000 годиште. Резултатот сепак беше во втор план, а младите кошаркари на Пинк Пантери имаа уште едно успешно меѓународно искуство со квалитетен противник. Од нашите пријатели ни беше овозможено да присуствуваме на тренинзите на првиот тим на Фенербахче предводен од најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ.  Децата на дело можеа да ги видат дел од своите идоли…Богдановиќ, Бјелица, Весели, Гаодлог и многу други кои се членови на првиот тим на Фенербахче.

По посетата на клубот, во неделата, клубот Пинк Пантери присуствуваше на трибините на Улкер арената, при што, младите кошаркари во живо го проследиле дерби натпреварот од турското првенство помеѓу екипите на Фенербахче и Анадолу Ефес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дарко од Куманово на Малта се закити со медали во бодибилдинг (ФОТО)

Турците се покажаа како одлични домаќини, додава Златковски.

– Со луѓето од Фенербахче беше договорено соработката да продолжи и понатаму. Ова беше уште едно големо искуство за нашиот клуб и за нашите млади кошаркари кои со континуирано играње на квалитетни утакмици со квалитетни противници се стекнуваат со непроценливо искуство кое многу ќе им значи во нивното кошаркарско развивање и усовршување, вели директорот.

За младите кошаркари на ”Пинк Пантер”, ова патување значи и поттик со секојдневно напорно тренирање и тие сами еден ден да биднат дел од некој голем европски клуб, вели Златковски.

Loading...

Leave a Reply