КК Куманово во сабота со нов настап – на домашен терен против КК Кожуф

Сподели со своите пријатели

На домашен терен во сабота со почеток од 17 часот КК Куманово ќе го пречека КК Кожуф во рамките на домашното првенство, односно во првата машка лига во рамките на седмото коло.

Loading...

Инаку претходно КК Куманово на домашната кошаркарска сцена победи против Работнички со резултат 82:64, со што сега се наоѓа на шестото место со девет поени, исто колку и Кожуф, Работнички и Фени Иднустри.

Затоа сите во сабота на трибините во спортската сала во Куманово да дадеме подршка на нашиот тим. Цената на билетите е 50 денари.