КК Куманово во недела ќе настапи без Мандиќ поради суспензија

Сподели со своите пријатели

Двете технички грешки изречени кон Вукашин Мандиќ на натпреварот со КК Струмица, за кумановскиот кошаркарски тим ќе значи еден играч помалку на неделниот меч со КК Работнички, откако комесарот Антонио Угринов одлучи да го казни Мандиќ со пауза од еден натпревар.

Loading...

Мандиќ ќе биде суспендиран еден натпревар откако во Струмица, на 18 секунди пред завршетокот на продолжението, првин со Ефтим Богоев, а потоа и со Диме Тасовски кој беше плукнат од кумановскиот кошаркар на заминување кон соблекувалната.

Освен паузата од еден натпревар, Мандиќ ќе мора да плати казна во висина од 4000 мкд, како и КК Куманово.

Од друга страна, КК Струмица е казнета парично со 10.000 денари за влегување на неслужбени лица на теренот. Според одлуката на комесарот, по 2.000 денари за досудени технички грешки ќе мора да платат и Томчо Соколов од КК Кожув, Бојан Крстевски од КК Работнички, како и Ефтим Богоев и Дарко Тасовски од КК Струмица.