КК Куманово во „драма“ натпревар загуби од Пелистер (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово ја загубија можноста да се пласираат на третата позиција во табелата од домашниот шампионат откако вчера загубија од составот на Пелистер со резултат 83:82 во рамките на 19. коло.

 

Loading...

 

Иако избраниците на тренерот Александар Петровиќ влегоа како фаворити во мечот, битолчани покажаа дека нема лесно да се откажат од победа. Веќе во првите минути од играта направија водство од солидни седум поени, односно резултат 26:19 на крајот од првата четвртина.

 

 

Во втората четвртина кумановци го дадоа својот максимум одиграа извонредно со 27 реализирани поени, наспроти 14 од домашниот состав, па на полувреме се замина со солидна предност од 40:46 за составот на Куманово.

 

Loading...

 

Полувремето добро им дојде на кошаркарите на Пелистер, па им парираа на своите противници во третата четвртина која изгледаше израмнето, за да во последниот дел од средбата се влезе во вистинска драма.

 

 

Во последните минути кошаркарите на Пелистер израмнија на 74:74. Се играше кош за кош, поен за поен по што домашниот состав победе со 80:79 на осум секунди од крајот. Капитенот на Куманово, Марјан Јанески донесе предност за својот тим и резултат 81:82, по што следуваше тајм аут за тренерот на Пелистер Зоран Петковски, по што со звукот на сирената Анакиевски погоди за тројка и на својот тим му донесе победа.

 

 

Отсуството на искусниот репрезентативец Димитар Караџовски поради здравствени причини беше забележливо во ростерот на тренерот Петровиќ, но забележлива беше и извонредната игра на Никола Караколев кој реализираше 27 поени. Зад него со 19 следува Бранислав Ѓекиќ, додека во составот на Пелистер извонреден со 34 поени заврши Роберт Луис.

 

Loading...

 

На мечот присуствуваше и новото засилување на клубот Петар Огњеновиќ, кој беше дел само од тренажниот процес.

 

 

Следниот меч во среда КК Куманово го игра на домашен терен во јубилејното 20. коло против составот на Шкупи.

(ГАЛЕРИЈА) КК Куманово – КК Пелистер

Leave a Reply