КК Куманово вечерва го пречекува Работнички

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Куманово вечерва на домашен терен ќе го пречека тимот на Работнички во рамките на четвртфиналниот меч од плеј офот на домашната кошаркарска лига.

Изабраниците на Србиновски во игра влегуваат со еден поен предност, откако Карпош Соколи го совладаа МЗТ од шести обид. Кошаркарите на Куманово и Работнички ќе играат на три победени за да се елиминира послабиот.

Мечот е закажан за вечерва во 19 часот во Спортската сала во Куманово, а директорот Давидовиќ ги негираше сите шпекулации за можен натпревар без публика. Тоа значи сите љубители на добрата кошарка се добредојдени да ги бодрат сино-белите.