КК Куманово утре на гости кај Башкими во Призрен

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Куманово утре со почеток во 19 часот го игра вториот меч во рамките на БИБЛ лигата и тоа против екипата на Башкими во Призрен, Косово.

Минатата недела на домашен терен со резултат 78:75 изабраниците на тренерот Марјан Србиновски извојуваа победа против црногорскиот Теодо, со што впишаа два поени на табелата во Б групата од Балканското првенсво, исто колку што имаат и Кожув и Берое. Со по еден поен на табелата се Теодо, Сигал Приштина и Башкими.

Што се однесува до настапот на КК Куманово во домашното кошаркарско првенство, според ждребката која МКФ ја одржа без присуство на прволигашките клубови, првиот натпревар сино-белите ќе го играат со Работнички, но поради бојкотот на одлуката за поголемо плаќање за странските играчи која ја донесе Македонската кошаркарска федерација, неизвесен е почетокот на домашните натпреварувања.