КК Куманово утре ќе ги одмери силите со МЗТ Скопје Аеродром

Сподели со своите пријатели

Утре околу 20 часот ќе започне борбата за победа во рамките на 20-то коло од Првата машка лига во домашното кошаркарско првенство каде силите ќе си ги одмерат КК Куманово и МЗТ Скопје Аеродром.

Кумановци на гостински терен ќе се борат храбро за победата која многу ќе им значи со оглед дека од третотто се спуштени на четвртто место во табелата, откако го изгубија натпреварот од Кожув кој се одигра минатиот викенд во Гевгелија.

За сите љубители на кошарката утревечер во 20 часот директен пренос од мечто ќе има на првиот канал на Македонската Радио Телевизија.