КК Куманово утре гостува кај Пелистер

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре во рамките на 11то коло од домашниот кошаркарски шампионат во 14 часот гостува кај Пелистер од Битола.

Сино-белите на Србиновски влегуваат како фаворити во мечот од кој доколку победат ќе добијат 2 поени кои ќе им бидат од големо значење со оглед дека минатиот викенд поради суспензија од МКФ се соочија со службен пораз и не освоија ниту еден поен.

Недоразбирањата со раководството на Македонската кошаркарска федерација беше надминато неделава, откако четирите клубови се договорија да ги исплатат заостанатите долгови. Дел од парите треба да ги уплатат до денес, а останатиот дел имаат рок да го исплаќаат до почетокот на Супер купот на Македонија.

Кумановци моментално се тротопласирани во табелата со 15 поени, веднаш зад Работнички и Фени Индустри кои со 19 поени се лидери во табелата со регистриран 1 пораз од 10 одиграни натпревари.

Во среда пак во рамките на БИБЛ лигата кошаркарите на Куманово ќе гостуваат кај Пеќ, каде ќе се обидат да ја зацврстат лидерската позиција во Д групата и како првопласирани да одат директно во полуфинале.