КК Куманово утре го пречекува Вардар

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утревечер со почеток во 19 часот го пречекуваат составот на Вардар во рамките на 13то коло од домашното кошаркарско првенство каде ќе се борат за деветата победа.

Засега се наоѓаат на третата позиција на табелата со вкупно 19 поени, веднаш зад екипите на Работнички и Фени Индустри кои се на првите две места со по 22 бода.

Кошаркарите на Србиновски во мечот влегуваат како апсолутни фаворити, а неизвесно останува дали на 1ви март ќе го идграат мечот со Карпош Соколи во рамките на БИБЛ лигата, откако раководството го казни скопскиот клуб. Пет илјади евра треба да плати клубот поради пропуст на минатиот меч со Куманово, кога во даден момент на теренот немало ниту еден домашен играч што директно се коси со пропозициите на Балканската лига, а уште пет илјади ќе треба да искешираат поради одлуката да го прекинат мечот со Теодо и да го напуштат паркетот со обвинувања за местенки од судиите.