КК Куманово утре ги пречекува играчите на Карпош Соколи

Сподели со своите пријатели

КК Куманово утре со почеток од 19 часот на домашен терен ќе го одигра мечот против Карпош Соколи во рамките на 10-то коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Loading...

По последниот пораз кој го претрпевме од МЗТ Скопје, овој натпревар ќе има голема важност, пред се поради тоа што со новиот состав за прв пат ќе се игра на домашен терен.

Инаку според статистиката во табелата на Македонската кошаркарска федерација, КК Куманово моментално со 13-те поени се наоѓа на шестатта позиција, додека противничката екипа е прва со 17 поени.

Затоа утре во спортската сала во Куманово со почеток во 19 часот, купете си билет од 50 денари и уживајте во уште еден натпревар бодрејќи ги плаво-белите.