КК Куманово убедливо против Струмица (галерија+видео)

loading...

Кошаркарите на Куманово оставрија петта победа по ред во рамките на домашното кошаркарско првенство откако вечерва на домашен терен во рамките на седмото коло го совладаа составот на КК Струмица со резултат 93:72.

 

 

Гостите одржуваа резултатска рамнотежа во почетокот на мечот иако домаќините на првата четвртина имаа предност од само пет поени,  сепак кормилото на Србиновски, предводено од новиот капитен Марјан Јанески направија предност од 10 поени на полувремето, односно на пауза заминаа со резултат 49:39.

 

 

Скоро двојно повеќе поени реализираа сино-белите во третата четвртина, односно 25 наспорти 14те на струмичани со што ја осигураа својата победа уште пред почетокот на последната фаза од средбата. Стандардно последните минути од мечот ги изиграа младите членови на КК Куманово и на крај заедно со публиката славеа со резултат 93:72.

 

 

Јанески ја оправда својата капитенска улога, па брилираше со 21 поен, а свој брилијантен настап и покрај ледените температури во спортската сала имаа и Данило Мијатовиќ со 19 поени, Живановиќ со дабл-дабл од 13 поени и 11 асистенции, а на листата друштво им прави и Димитар Караџовски со 11 поени и 7 скокови.

Убедлива победа за Куманово, но мора да нагласам дека Струмица е една добра екипа составена од доста искусни играчи и настапивме така силно што на крај резултиравме со добар резултат. Ова е наш втор натпревар без Костоски, се обидуваме да се разиграваме без него, добивме нов играч кој со нас ќе настапи против Работнички во сабота и на нас е само вака да продолжиме и да влеземе во тие четири најдобри. Новиот играч имаше само еден тренинг со нас, но мислам дека добро ќе се вклопи, се гледа дека има желба да работи, мотивиран е и сигурен сум дека ќе ни помогне во сите наредни натпервари – изјави Данило Мијатовиќ, кошаркар на КК Куманово.

 

Најдобри во редовите на гостинскиот состав со 20 поени беше Јокиќ, 12 Бешовиќ, а по 11 на листата најдобри поентери во клубот се впишаа Зивчевиќ и Станковиќ.

 

 

Иако пред два дена својот состав кумановци го засилија со Американецот Јонел Браун, сепак своето деби, новиот плејмејкер ќе го има во сабота, кога на домашен терен избраниците на Србиновски го пречекуваат составот на Работнички.


Последни наслови

Facebook Comments