КК Куманово со убедлива победа против Карпош Соколи (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

КК Куманово вчеранавечер прослави победа против Карпош Соколи со убедив резултат од 93:80, во рамките на 10-то коло од Првата машка кошаркарска лига.

Loading...

[huge_it_gallery id=”252″]

Со новата екипа на домашен терен кумановци покажаа дека мотивацијата за победа е посилна од се` и дека со одлична игра може да се совлада и клубот кој досега има добиено осум од девет меча во домашното првенство.

Во првата четвртина се почувствуваа турбуленции на самиот почеток кога КК Куманово поведе со 8-2, а веднаш потоа со 14:19 поведоа Карпош Соколи, за да на крајот на првиот период играчите на Тодоровиќ остварат водство со 21:19.

Пред крајот на второто полувреме, КК Куманово покажа како се остава душата на теренот и со одлична серија од погодци успеа да добие убедлива предност од 49:38 на крајот на втората четвртина.

Loading...

Второто полувреме продолжи повторно со убедливата игра на кумановци кои во еден момент достигнаа и 20 поени разлика, односно резултат од 64-44 пред самиот крај на третата четвртина.

Веќе тука играчите од двата тима за малку ќе предизвикаа масовна тепачка откако Карпош Соколи агресивно реагираа на судска одлука, по што дојде до припирања помеѓу домаќините и гостите, а мечот беше во прекин.

За среќа не дојде до поголем инцидент по што натпреварот продолжи понатаму, но со бурни реакции од трибините.

На самиот почеток на последната четвртина со одличната игра на Неговановиќ и Мандиќ, повторно имаше одлична предност на домаќините, а мечот заврши со резултат од 93;80.

Најдобар во редовите на КК Куманово беше новиот играч Бојан Трајковски кој освои 29 поени и 10 скокови, Костовски со 16 поени и осум асистенции, додека во спротивната екипа најуспежни беа Казарновски со 18 и Кнеѓевиќ со 16 поени.

Loading...

На овој меч на теренот повторно имавме можност да го видиме Вукашин Мандиќ, кој прред неколку недели замина од клубот.

На врвот на табелата во домашното првенство се уште се наоѓаат Карпош Соколи, но Куманово е на 4-то место со 15 поени, исто колку и Кожуф кои се наоѓаат едно место подолу.

Следниот натпревар веќе на 19-ти декември КК Куманово ќе го одигра на гостински терен кај КК Бест.