КК Куманово со пораз од првиот меч во првенството (галерија)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово со пораз влегоа во домашното кошаркарско првенсто откако вечерва на гостински терен екипата на Работнички оствари убедлива победа со резултат 89:52.

kk kumanovo - rabotnicki

Почетокот на натпреварот наговестуваше неизвесност до крајот и тесна борба помеѓу двата клуба кои се претенденти за влез во Супер лигата, за што зборува и резултат на крајот на првата четвртина 22:20, но набргу по повредата на Костоски се пвореди и целата игра на сино-белите, па за брзо време домаќините стигнаа до резултат 34:27, Мијатовиќ не поентираше, што беше искористено од Владо Илиевски за уфрлување на три поени во кошот на Куманово и со тоа дојде и до првото двоцифрено водство, 37:27.

kk kumanovo - rabotnicki

Фактот дека освен што „кошот не ги сакаше сино-белите“, не им одеше и со топката која премногу ја губеа и промашуваа што екипата од Градски парк ја исокристи за предност од 12 пени на полувреме, односно резултат 43:31. Надежта не ја губеа кумановци, но по кратката пауза во вториот дел од мечот Работнички повторно зеде замав и стигна до резултат 52:36, односно преднсот од 16 поени, за да по два промашени напади, избраниците на Докузовски преку „поранешниот кумановец“ Мишановиќ достигнаа до резултат од 31:38 со ефикасна серија од 9:0.

kk kumanovo - rabotnicki

Третата четвртина заврши со резултат 66:40, а гостите тонеа и во последниот дел од натпреварот кога со серија од 10:0 кошаркарите на Работнички направија резултат 76:40, за да до крајот го полнат кошот на избраниците на Србиновски па поведат и со разлика од неверојатни 40 поени, за да до финишот на натпреварот кумановци минимално го намалија водството на Работнички кој победи со 37 поени разлика.

Loading...
kk kumanovo - rabotnicki

Најефикасен кај кумановци беше Данило Мијатовиќ со 15 поени, а зад него со 11 е Јанески, додека кај Работнички со 15 на листата стрелци се запишаа Мишановиќ и Вигинс.

kk kumanovo - rabotnicki

Следниот натпревар во домашното првенство кошаркарите на Куманово го играат дома против екипата на Кожув.

kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki kk kumanovo - rabotnicki