КК Куманово со пораз на стартот на сезоната, судиите со полициски кордон излегоа од салата (галерија)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово го загубија првиот меч од новата кошаркарска сезона во домашниот шампионат, откако на домашен терен вчеравечер беа совладани од составот на Работнички со резултат 88:91.

 

Loading...

 

Импресивен старт имаа кошаркарите на Игор Михајловски, кои не дозволија Работнички да направи поен во првите четири минути од натпреварот. Со 24:16 „сино-белите“ ги одбележаа првите 10 минути, а дуото Караколев и Караџовски слична игра продолжија и во втората четвртина кога константно одржуваа високо водство, кое веќе беше и двоцифрено, односно резултат 29:18.

 

На полувреме семафорот означи предност од 14 поени за кумановци и со резултатот 51:37, избраниците на Михајловски и целата публика во Спортската сала беа убедени дека Куманово ќе го добие мечот од првото коло.

 

 

Loading...

По кратката пауза, во третата четвртина кошаркарите на Марин Докузовски започнаа да го топат високото водство на домаќините. Првин се доближија на негатива од пет поени. И покрај еуфоријата на публиката, „сино-белите“ ги стигна заморот. Кратката ротација која ја имаше на располагање Михајловски беше пресудна, гостинскиот состав да ја топи разликата и полека да изедначува. Со двете слободни фрлања во завршницата, Крстевски му донесе изедначување на Работнички, но и продолжение на натпреварот.

 

 

Во продолжението пак, кумановци се трудеа да го надминат резултатот 81:81 и мисијата ќе им беше успешна. Но, во последниот напад на кошаркарите на Куманово судиите судеа техничка за Штерјов и две слободни за екипата на Докузовски, додека семафорот означуваше две секунди пред крај. Со резултат 88:91 „центарци“ прославија победа во Куманово, според публиката незаслужена.

 

 

Судиската одлука ја крена публиката на нозе, паднаа обвинувања дека повторно се мести натпреварот и дека победата на Куманово е украдена (што реално не беше далеку од вистината). Со полициски кордон и обезбедување судиите и делегатот на средбата ја напуштија Спортската сала Куманово, а љубителите на спортот си заминаа разочарани поради уште еден неспортски потег од нивна страна.

 

Loading...

 

Како и да е, за фановите на Куманово, „сино-белите“ се победници кои го оставија срцето на терен. Недостигаше српскиот интернационалец Мирко Ковач кој поради здравствени причини воопшто не можеше да присуствува на натпреварот.  Со неверојатни 29 поени брилираше Димитар Караџовски, а веднаш зад него со 19 е капитенот Јанески, со 11 Грифин Раме и со 10 поени Никола Караколев.

 

 

Тренерот Михајловски шанса даде и на дел од подмладокот на тимот, пред се на Ѓорѓи Георгиевски, кој имаше скоро 25 минути на паркетот и три поени и две асистенции.

– Прво натпреварот го загубивме во последните секунди што е многу болно за нас како колектив, бидејќи навистина дадовме се од себе и се боревме до крај, но што е тука е, продолжуваме понатаму. Јас од мојот настап сум задоволен, но секогаш може подобро и ова ми е голем потик за повеќе работа и подобри резултати, изјави Георгиевски.

 

 

Натпреварот од второто коло, кошаркарите на Куманово ќе го играат на 14ти месецов, на гостување кај АВ Охрид.

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Loading...