КК Куманово против Работнички во првото коло од домашниот шампионат

Сподели со своите пријатели

Дванаесет екипи ќе се натпреваруваат во првиот дел од домашното кошаркарско првенство, а Македонската кошаркарска федерација ги соопшти паровите за првото коло од новата сезона, а кога таа ќе започне се уште не е познато.

Куманово го доби Работнички како прв противник оваа сезона, а освен овие два клуба од минатата сезона остануваат МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи, Фени Индустри, АВ Охрид, Струмица и Кожув. Од втора лига преминуваат Гостивар и Радовиш (на чие место ќе игра новиот клуб Блокотехна). Со зголемување на бројот на екипи, место во првата лига има и за Пелистер и Шкупи.