КК Куманово поразен од Академик Бултекс (галерија)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вчеравечер на домашен терен ја загубија битката во третото коло од БИБЛ лигата, откако со резултат 86:90 беа поразени од составот на Академик Бултекс од Пловдив, Бугарија.

 

Loading...

 

Желбата за победа евидентна уште од самиот старт беше и кај двете екипи, па имавме можност да проследиме лавовска битка и на домаќините и на гостите. Првата четвртина заврши со резултат 20:21 за гостинскиот состав, меѓутоа битката продолжи и во втриот период од средбата, каде на секој кош на Куманово, возвраќаа и Бугарите. На полувреме кумановци заминаа со негатива од три поени, односно резултат 42:45, благодарение на тројката која Мирко Ковач ја даде со звукот на сирената.

 

 

По паузата, кошаркарите на Академик Бултекс прикажаа офанзивна игра со што направија позитива од 14 поени, па Михајловски беше принуден на тајм аут, по кој репрезентативното дуо Караџовски и Јанески го намалија резултат на 63:65. Сепак, водство на влез во последниот период имаа гостите и тоа со резултат 63:69.

 

Loading...

 

Дека Куманово сакаше победа беше евидентно и во последните десет минути на паркетот, каде кумановци примија само 10 поени. Сепак, не доволно за победа. Звукот на сирената означи израмнет резултат на семафорот, по што следуваше продолжение, каде гостинскиот состав прикажа подобра игра и со резултат 86:90 ја однесе победата во Бугарија.

 

 

Со 23 поени и маестрална и борбена игра заврши средбата за Димитар Караџовски, зад него со 18 поени се најде Јанески.

Како што изјави тренерот на Куманово, Игор Михајловски, кратката ротација е голем проблем, како за Балканската, така и за домашната лига.

– Прво да честитам на екипата на Академик од Бугарија за сосема заслужената победа. Како и од почетокот на домашната лига и Балканското првенство, нашата ротација на играчи е седум, секогаш успеавме 35-40 минути да одиграме квалитетно и противникот со поголема ротација, тоа се повторува веќе во неколку натпревари, успева да го добие натпреварот, изјави Михајловски.

 

 

Loading...

Во составот на гостите со 28 поени најдобар беше Дурчев, а со 13 Смит.

– Ова беше тежок натпревар за нас, Куманово има добар тим. Мислам дека игравме подобро, покажавме класа и ја заслуживме оваа победа. Поголемиот дел од антпреварот водевме, но како што кажав Куманово има добар тим, се обидоа да се вратат, но мислам дека ние ја заслуживме победата, изјави Илко Нанев, помошник тренер на Академик Бултекс.

– Првин да честитам на мојот тим, но и на тимот на Куманово. Знаевме дека ова ќе биде тежок натпревар, но покажавме карактер и во четвртините и во продолжението, ја добивме победата. Имавме девет или десет поени водство во одредени моменти, не требаше да дозволиме тоа да се намали, но задоволен сум што го добивме мечот, изјави Васил Михајлов, кошаркар на Академик Бултекс.

 

 

Евидентно и на овој натпревар беше празната западна трибина, каде обично се наоѓаат членовите на навивачката група Кумани, кои минатиот меч со Карпош Соколи го означија како почеток на бојкотирање на натпреварите.

 

 

Следниот натпревар КК Куманово го игра на гости против составот на Тирана, додека во домашниот шампионат викендов гостуваат во Струмица.

 

Loading...