КК Куманово по две продолженија поразен и од Фени Индустри (галерија)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово претрпеа уште еден пораз, четврти по ред од шесте одиграни натпревари од почетокот на домашното првенство. Овој пат, со резултат 115:116 на домашен терен беа совладани од составот на Фени Индустри.

 

Loading...

 

Натпревар како и останатите кои сезонава ги одигра КК Куманово, добар почеток, ужасен крај. Првата четвртина се играше избалансирано, без поголемо водство и за двете екипи, се до крајот на првите 10 минути, кога со 26:21 поведоа избраниците на Александар Петровиќ. Втората фаза од средбата заврши со високи 12 поени позитива за домашниот состав, благодарение на добрата игра на Караџовски. На полувреме кумановци заминаа со предност 49:37.

 

 

Кратката пауза донесе катастрофа. Опадна играта на домаќините, па Фени Индустри го полнеше кошот, а добраната на Куманово не беше на завидно ниво. Добрата игра на Јане Петровски обезбеди звукот на сирената да означи резултат 92:92.

 

Loading...

 

Следуваше продолжение од пет минути, каде двете екипи се бореа за победа, но повторно Фени пред истекот доведе до израмнување од 103:103 и следуваа уште пет минути игра.

 

 

И во последните пет минути од средбата Фени Индустри беше во водство, се до моментот кога Грифин Раме не погоди за 115:114, па Фени да уфрли уште два поени, а Раме и покрај обидот за три не успеа да доведе до пресврт. Звукот на ситената означи победа за гостите со резултат 115:116, а публиката која конечно се врати на последните два меча во поголем број, ги исвирка своите кошаркари.

 

 

Во составот на Куманово со 29 поени брилијатна игра покажа Американецот Грифин Раме, додека зад него со по 18 се Димитар Караџовски и Немања Миљковиќ.

 

Loading...

 

Кај гостите со 29 најпрецизен беше Јане Петровски, а со поен помалку и Магдевски.

 

 

Кошаркарите на Куманово ќе треба посериозно да поработат доколку сакаат да обезбедат подобри резултати сезонава, но веќе в среда на домашен терен во БИБЛ лигата играат против бугарскиот Рилски, а во седмото коло од домашниот шампионат му гостуваат на составот на Кожув.

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...