13.01.2018 20:03

КК Куманово не успеа да го запре Работнички


Кошаркарите на Куманово забележаа пораз на првиот меч од втората полусезона која започна денеска, откако на гостински терен составот на Работнички реализираше 12та победа со резултат 81:77.

Игра со многу турбуленции која доликува на двата тима имаа можност да видат љубителите на кошарката во Градски парк вечерва. Сепак по многуте варирања во резултатот, ниту кумановци не можеа да ја запрат екипата на Работнички, па за избраниците на Александар Петровиќ ова е петти пораз сезонава во домашниот шампионат, а воедно и прекин на низата од пет победи во гостинските натпревари кои ги играа во првиот дел од сезоната.

Првата четвртина играта беше во корист за домаќините, кои реализираа четири поени повеќе над гостинската екипа, која без центар мораше да го одигра овој меч. Во вторите 10 минути од средбата се бележат помалку поени, меѓутоа повторно во корист за составот на Работнички. Семафорот на полувреме означи водство за избраниците на Докузовски со резултат 43:37.

Третиот период повторно доминираа кошаркарите на Работнички кои впишаа 27, наспроти 21 поен на Куманово.

Последните 10 минути „сино-белите“ се разбудија од сонот, меѓутоа прекасно. Покажаа дека знаат од голема негатива да намалат на два поени разлика, меѓутоа изборот на играчи кој го имаше Докузовски, а пред се Чековски беа пресудни кумановци да не успеат да ја срушат незапирливата победничка низа на најторфејниот клуб во Македонија.

Кај кумановци не одеше шутот за тројка како што тоа имавме можност да го видиме на претходните натпревари, единствено играта беше извонредна за капитенот Марјан Јанески кој впиша 23 поени. Никола Караколев се здоби со повреда уште на крајот на првата четвртина што не претставуваше проблем да реализира 12 поени, исто колку и Димитар Караџовски. Двоцифрен број поени впиша и Адем Мекиќ.

Со 19 поени кај победничкиот состав најефикасен беше Маркус Гинјард, додека со два поени помалку и Чековски.

Загубениот меч Куманово од третата позиција на табелата го спушта на петтата.

Следниот меч избраниците на Петровиќ го играат на домашен терен следниот викенд против составот на АВ Охрид.

фото: архива


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments