КК Куманово ја загуби битката со Финците од КТП Баскет

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на КК Куманово ја изгубија битката против финскиот противник КТП Баскет, во рамките на Еврокупот, на гостувањето во Финска.

Loading...

Со жестока и силна борба започнаа и двете екипи и се бореа кој ќе поведе повеќе, при што по првите десет минути од играта домаќините водеа со резултат 30:24. Подоцна оваа разлика од шест поени на полувремето се зголеми на 10.

Веќе второто полувреме започна со малку подобра игра на изабраниците на Луковиќ, па така Костоски со тројка ја намали негативата на 83-75, но во преостанатите две минути сепак немаше доволно време за големи промени.

Најуспешен во домашната екипа со 15 поени беше Паундс, додека кај КК Куманово, костоски со 23 поени, Луковиќ со 19, а Караџовски со 13 постигани бодови.

Кошаркарите на КК Куманово по четвртиот пораз во рамките на ФИБА Еврокупот, есга се наоѓаат на третото место на табелата, а шансите за продолжување на играта во следната фаза од натпреварувањето се сведени на минимум.