КК Куманово и без публика до победа против Работнички

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово на домашен терен и без публика, вчеранавечер го добија во своја полза заостанатиот меч од 9.коло од Супер Лигата против Работнички со 108-98 по продолжението.

Loading...

Натпреварот како што покажува самиот резулат беше неизвесен 40 минути, кога ниту една од екипите не успеја да создаде поголема предност, па затоа мораше да се одигра екстра „период“ во кој кумановци подобро се снајдоа истиот добивајќи го со 18:8.

Во празната сала во Куманово најефикасен беше Гечевски со 26 поени, додека во победничкиот состав Ѓекиќ (21 п, 12 с) како и Луковиќ (19 п, 10 с) и Костовски (19 п, 11 а) запишаа дабл-дабл учиноци.

Овие две екипи повторно ќе се сретнат во петок и тоа во „Градски Парк“ во првиот полуфинален меч од плејофот.

Leave a Reply