КК Куманово го загуби првиот полуфинален меч, за Кумани „нема место“ во салата

Сподели со своите пријатели

Со резултат 97-91 Карпош Соколи го доби првиот полуфинален меч во рамките на домашната кошаркарска лига кој вчера се одигра во салата Јане Сандански во Скопје.

Иако порталот Екипа се радуваше за полупразните трибини како „историски триумф“ на увезените навивачи „соколчиња“, Кумани останаа надвор без можност да ги бодрат своите играчи од трибините.

Воведот на мечот донесе израмнета игра, за да Куманово со низа тројки во финишот на првата четвртина поведе со +9 (14-23). Казарновски во последните секунди погоди за три поени, па гостите на првата пауза заминаа со резултат од 17-23. Како и во претходниот период, така и во речиси целиот тек на втората четвртина, Куманово имаше околу пет поени позитива, за да Карпош Соколи на минута пред крајот на првото полувреме со поените на Снер поведе со 42-40 и на пауза меѓу двете полувремиња замине со резултат од 45-40, а полувремето го започнаа со предност од 9 бода, за да на крај направат и +14 и ја овојат победата.

Кај Куманово со 20 поени најефикасен беше Бојан Трајковски. Полуфиналната серија сега се сели во Куманово, кога в недела на програмата е вториот меч, а Куманово ќе се бори за израмнување од 1:1,