КК Куманово го загуби мечот со Работнички (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Работнички ја собраа победата од Кумановово рамките на првиот натпревар од плеј офот, односно од четвртфиналето во домашниот шампионат со резулатат 85:82.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”349″]

 

Тензичната атмосфера во последната четвртина беше клучна Работнички да го добие мечот, иако изабраниците на Србиновски на полувреме водеа со предност од четири поени. Сепак последните десет минути со 27:16 беа пресудни Чековски и компанијата да ја однесат победата и да израмнат на резултат 1:1 во четвртфиналната серија, која инаку се игра до три победи.

Со 33 поени и 16 скокови на Бојан Трајковски, сепак Куманово го загуби натпреварот, а публиката со остри реакции кон судиите и играчите на Работнички.

Еден од навивачите фрлајќи запалка кон играчите веднаш по завршување на мечот, погоди полициски службеник и експресно беше уапсен и со лисици на рацете заврши во полициско возило, а според информациите од терен станува збор за тинејџер од Скопје.