КК Куманово го загуби мечот со МЗТ Скопје (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

За осум поени кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се покажаа како подобри во мечот кој го играа на домашен терен со екипата на Куманово во рамките на 20-то коло од домашната кошаркарска лига.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”320″]

 

Уште во првите десет минути од натперварот МЗТ Скопје направи поголемо водство кога оствари резултат од 21:12, а во втората четвртина нешто подобра игра покажаа кумановци откако негативата од 18 поени ја намалија со серија од 14 поени во низа.

Третата четвртина повторно беше во корист за домаќините на мечот, додека Куманово повторно одигра добра последна четвртина, но сепак не деволно за да извојува победа против минатогодишниот првак.

 

[huge_it_gallery id=”321″]

 

Со најмногу поени во таборот на КК Куманово заврши Бојан Трајковски со 22 поени, а на другата страна тоа беше Дреновац со два поени помалку.

Салата беше речиси празна, освен поголемата група Кумани кои на сопствена иницијатива дојдоа да ги бранат сино-белите бои на својот град.