Ќе се отстрануваат дивите тезгаџии, но и столови и маси на кафетерии

Сподели со своите пријатели

Инспекциските служби на Општина Куманово денеска излегоа на терен и започнаа издавање опомени кон дивите тезгаџии пред градскиот пазар да ги отстранат своите тезги, во спротивно ќе бидат присилно отстранети, а ќе им бидат изречени и глоби.

Градоначалникот Дамјановски вели дека ова следува како интервенција на менаџерскиот тим на ЈП „Пазарише“ поради нелојалната конкуренција која ги става во пдоредена улога оние кои плаќаат тезги на пазарот од страна на оние кои на диво препродаваат по тротоарите.

Пред се дивите тезгаџии не се ниту под контрола на санитарната инспекција, инспекцијата за храна, така да на некој начин мислам дека ова е регуларна акција, меѓутоа лошо е што се совпаќа со големиот празник на Исламската верска заедница. Ние денеска одиме со опомена затоа што ова е иницијатива на директорот на ЈП „Пазаришта“ кој даде допис до нас дека треба поради реално и регуларно функционирање на самото претпријатие да дадеме акција. Денеска дадовме опомена и мислам дека до недела ќе бидат остранети сите диви тезгаџии, да го вратиме пазарот таму каде што припаѓа – вели Дамјановски.

Во следниот период ќе се отстрануваат и сите нерегуларно поставени маси и столови на кафетериите кои ги узурпираат тротоарите и јавните површини во градот.

Зборуваме за таму каде има узурпација на јавно-прометни површини од јавен интерес. Пред се тоа се спортски терени, тротоари каде се отежнува самиот сообраќај и пешачките патеки, имаме поставено листа на приоритети во однос на отстранување, прво е дадено право самите да ги срушат, а ако се прави интервенција со фирма изберена на јавен тендер за отклонување на диво изградени објекти тогаш ќе има и санкции и казни за таа извршена акција. Мислам дека на некој начин ќе ги доведеме работите во балансирана состојба, но и сам сум свесен дека има една урбана узурпација во трка на привлекување на поголем број посетители, не се води сметка во која димензија тоа ќе се направи, мислам дека тоа ќе биде една опомена на плоштад го урнавме тој дел од „Џорџ“ и сега сме во постапка на другата која е направена и е нелегална – вели Дамјановки.

Рано утринава откако ги добија опомените од инспекциите дивите тезгаџии ги собраа производите и си заминаа, но откако си замина инспекцијата тие повторно се вратија и го продолжија своето работење.