Ќе се обновува автопатот Скопје – Куманово

Сподели со своите пријатели

Целосно ќе се реконструира делницата од Скопје до Куманово во должина од 23 километри, преку распишаниот тендер преку ИПА инструментот.

Компаниите ќе можат тендерските понуди да ги достава до Министерството за транспорт и врски заклучно 16 октомври, по што ќе следува евалуација на понудите, а граджните работи се очекува да започнат во првиот квартал од следната година, додека обновата на коловозната лента од Куманово кон Скопје е веќе започната.

Тоа значи дека 23 километри од Скопје до Куманово ќе бидат рехабилитирани и реконструирани. Тоа е многу важно бидејќи ние вложуваме многу на Коридорот 10 за максимално да ја подобриме инфраструктурата, изјави Мисајловски.

Со реконструкцијата ќе биде поставен нов коловоз и сообраќајна сигнализација, како и санирање на мостовите кои се наоѓаат на овој патен правец.

 

Loading...