Ќе се асфалтира крак од улицата „Иго Тричковиќ“

Сподели со своите пријатели

Крак од улицата „Иго Тричковиќ“ наскоро ќе добие асфалт, а Општина Куманово веќе достави оглас за прибирање понуди од изведувачи на градежните зафати до Бирото за јавни набавки.

Тендерот е во вредност од 585.000 денари без ДДВ, односно околу 9.500 евра. Не е познато колкава површина точно ќе биде асфалтирана, но фирма изведувач ќе биде онаа која на огласот ќе достави најниска можна понуда заклучно со 20. март 2018 година.

фото: архива

Loading...

Leave a Reply