Ќе има ли новини и промени во законот за полагање за возачка дозвола?

Сподели со своите пријатели

Меѓу главните новитети кои треба да бидат изгласани се промена на возраста за стекнување право за полагање на возачка дозвола за моторно возило од 16 на 17 години, повеќе поволности се предвидени за највозрасната група на граѓани како и за самите инструктори во автошколите, пишува порталот Фактор.мк

Бидејќи основата цел е посттигнување на нула незгоди кај децата и другите ранливи категории неопходно е континуирано унапредување на состојбите преку соодветно ревидирање на законските решенија, стои во објаснувањето на пратениците зошто овие законски измени треба да се донесат. Предлогот на закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата содржи 6 членови.

Во членот 1 кој се однесува на членот 232, се предвидува стручните раководители како дел од стручниот кадар на автошколите да не треба да поседуваат возачка дозвола за сите категории „А“, „Б“, „Ц“ и „Д“, туку само од категориите за кои автошколата има лиценца за давање обуки.

Со членот 2 се менува членот 275, во делот кој се утврдува возрасната граница на лица кои може да управуваат со трактор, и наместо со 16 години се предлага лицата од 17 години да може да управуваат со трактори.

Во членот 3 се менува членот 304 став 1 и во однос на рокот на важење на возачката дозвола се предлага да се покачи старосната граница, односно на лицата над 70 години да им се издава возачка дозвола со важност од три години, а нека како до сега што беше уредено, за лицата постари од 65 години.

Член 4 се однесува на член 325 и е во насока на усогласување со предложената измена на предходниот член 3, и се предлага на задолжителни контролни здравствени прегледи да подлежат лицата над 70 години.

Со членот 5 се менува член 331, каде се предлага зголемување на старосната граница на децата за стекнување со право на оспособување за управување со моторно возило од „Б“ категорија и наместо со 16 се предлага тоа право да го стекнат со навршување на 17 години возраст.

Воедно се брише критериумот за тие деца да имаат одличен успех и примерно поведение, бидејќи тоа не е критериум за полагање на возачки испит, и претставува дискриминирачки критериум за децата.

Во предложените законски измени има и повеќе нови предуслови за малолетниците кои сакаат да полагаат за возачка дозвола, а тоа се одобрение од псисхологот, педагогот или класниот раководител од нивното училиште заверено на нотар, со за 30% повеќе часа практична настава во однос на останатите кандидати за возачи.

Извор:фактор.мк