Караванот на слободата пристигнува во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дебата, изложби, поезија и работилници ќе го збогатат големиот мултимедијален хепенинг на „Караванот на слободата“  во Куманово во петок на 2 септември.

Настанот почнува од 18:30 часот, со дебата на тема „Македонија: со или без слобода“.

На големата сцена на Градскиот плоштад, кумановчани ќе уживаат во звуците на музиката на слободата отсвирена од Пеце „Суперхикс“, „Бла Бла Бла…“, Тони Зен и Шутка Рома рап.

Покрај многу музика, настанот ќе биде збогатен со „Стихови на слободата“, ликовна работилница и изложба со заеднички наслов „Слобода во боја, дебата и видео проекции.

Стихови на слободата ќе читаат поетите Елена Пренџова, Бјондина Шерифи, Марија Јовановска, Арсим Јонузи и Митко Гогов.

Уметничката работилница ќе ја предводи академскиот сликар Мирослав Стојановиќ и уметниците Магдалена Саздовска, Валентина Илијевска и Дали Алили.