Кандидатите за градоначалник од Крива Паланка потпишаа Кодекс за фер избори

Сподели со своите пријатели

Кандидатите за градоначалник на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски од Коалицијата за локални избори 2017 предводена од СДСМ и Арсенчо Алексовски од Коалицијата за локални избори 2017 предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Општинската изборна комисија Крива Паланка потпишаа Кодекс за фер однесување за време на кампањата.

Двајцата кандидати, Алексовски и Мицевски, порачаа дека ќе водат позитивна кампања, со промоција на проекти и програми за развој на општината.

Претседателот на ОИК, Душко Арсовски, рече дека принципите на демократијата и доброто владеење придонесуваат за развој на демократијата и градење доверба во изборниот процес во Република Македонија.

Граѓаните на Крива Паланка на локалните избори ќе одлучуваат и за нов состав на општинскиот Совет меѓу кандидати од три советнички листи: на Коалицијата предводена од СДСМ чиј носител е Елизабета Павловска, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ чиј носител е Игор Тодоровски и од Општински сојуз на Левица, Крива Паланка, со носител Јованче Маџовски.

Извор: МИА