Камион се запалил на патарината кај Романовце

Сподели со своите пријатели

Вчера во 13.20 часот во Полициската станица од општа надлежност Куманово, пријавено било дека на наплатната рампа на автопат Скопје – Куманово во село Романовце-кумановско, во момент на сопирање на наплатната рампа од засега неутврдени причини настанал пожар на товарно моторно возило марка „Мерцедес„ со гевгелиски регистерски ознаки на кое била прикачена приколка (ладилник), а управувано од С.К. (62) од село Удово.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пожарот од возилото и приколката, за кратко време се проширил и зафатил дел од наплатна барака и покривната конструкција од наплатната рампа. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица- Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.