КАКО ВО БАЈКА: Светлосниот спектакл на алгите на Тасманија (фото)

Сподели со своите пријатели

Водата на плажите на северозападна Тасманија попримила силна неонско-сина боја, воодушевувајќи го локалното население, кое со останатиот дел од светот на социјалните мрежи ги сподели фотографиите од феноменот.

 

Loading...

 

Фотографиите од плажите покажуваат биоилуминантен феномен, кој го предизвикала алгата noctiluca scintillans, популарно наречена морска искра.

Плантонот емитува светлосина боја како одбранбен механизам, а експертот Ентони Ричардсон истакнува дека овој феномен е предизвикан со глобалното затоплување и подигање на температурата на водата.

 

 

Иако не се отровни сепак алгите може да предизвикаат иритирање на кожата.