Како шимпанзите тагуваат по мртвиот пријател? (видео)

Сподели со своите пријатели

Група шимпанза од едно сирптиште за спасени животни открила мртво тело на својот пријател Томас, кој починал од вирусна инфекција поради која тешко дишел.

Се собрале дваесетина околу него, се обидувале да го разбудат, а оние со кои бил најблизок биле најмногу потресени, а меѓу нив и неговиот заменски татко, Пан.

Пан го посвоил Томас кога тој имал пет години и останал без мајка, што е нешто навистина посебно кај шимпанзите.

Една постара женка донесе малку трева и со неа му ги чистеше забите. Ова се шимпанзи кои се спасени од илегалната трговија со диви животни, некои дури се и родени во резерватот, но не се работи за крвно сродство и семејство, туку за пријатели. Целата група продолжила да тагува.