Како Сашо Илиевски успеа да ја добие битката уште во првата рунда? (видео)

Сподели со своите пријатели

Тренерот на ММА клубот Куманово 2006 Сашо Илиевски успеа да победи во борбата против Милан Накиќ од Србија во рамките на првиот ММА турнир во Куманово, насловен „Вечер на гладијатори“.

Според Илиевски чувството да се бориш пред својот народ е непроценливо убаво, но и многу тешко да се оправдаат очекувањата.

За Илиевски ова е последна борба во неговата богата боречка кариера која изобилува со многу награди по цела Европа.

Како првиот човек на ММА клуб Куманово успеа да го совлада својот противник од Србија во првата рунда, ексклузивно во приложеното видео.