Како природно да го намалите високиот крвен притисок

Сподели со своите пријатели

Иако не постојат некои премногу очигледни симптоми, високиот крвен притисок го зголемува ризикот од срцев удар. Ако не сте го провериле својот крвен притисок две години, време е да се консултирате со својот лекар. Фармацевтските лекови можат да го намалат високиот крвен притисок, но тие имаат свои несакани последици како на пример несоница. Но, постојат и многу различни алтернативни начини за третман на високиот крвен притисок за кои се верува дека се ефективни, а кои опфаќаат регулирање на начинот на исхрана, зголемена физичка активност и регулирање на стресот. 

Loading...

Поврзаноста на исхраната и високиот крвен притисок

Еден од наједноставните и најефективните начини да го намалите крвниот притисок е преку конзумација на здрава храна. Еден од начините на исхрана високо препорачани од експертите е Даш диетата. Покрај тоа, докторите препорачуваат:

  • Внесување повеќе овошје, зеленчук и млечни производи со намалена масленост
  • Намалување на внесувањето на храна која изобилува со заситени масти и холестерол
  • Внесување повеќе житарки со цело зрно, риба, живина и јатки
  • Внесување помалку црвено месо и благо
  • Внесување храна богата со магнезиум, калиум и калциум

Препорачани прехрамбени производи

Храна богата со калиум

Овошјето и зеленчукот богати со калиум играат важна улога во редуцирањето на крвниот притисок. Обидете се да внесувате барем 2.000 милиграми калиум дневно. Слатките компири, доматите, сокот од портокал, компирите, бананите и сушените овојшја се богати со калиум.

Бадеми

Секојдневното внесување на шолја непечени бадеми може да направи значајна разлика во одржувањето на ниво на крвниот притисок. Тие се клучни во прехрамбениот пристап за регулирање на хипертензија бидејќи се богати со незаситени масти кои помагаат при намалување на нивото на холестерол во крвта, ублажување на воспленијата на артериите и намалување на крвниот притисок, бидејќи промовираат одржување на здрава циркулација.

Лута пиперка

Лутата пиперка недвојбено е едно од најбрзите средства за намалување на крвниот притисок. Оваа намирница ги шири крвните садови и овозможува послободен проток на крв, следствено на тоа го намалува крвниот притисок.

Измешајте една или две чајни лажици лута пиперка во топла вода со мед и алое вера и ќе добиете моќен домашен лек против хипертензија. Ако овој пијалак е премногу лут за вас земајте ги лутите пиперки во облик на суплементи.

Какао

Богато со флаваноиди и други против воспалителни хранливи состојки, какаото е уште едно прехрамбено оружје против хипертензија. Флаваноидите во какаото делуваат како адаптогени, помагајќи му на телото подобро да се справи со стресот кој е чест причинител на хипертензија и ќе прават крвните садови поеластични. Покрај тоа помагаат и во намалување на стресните хормони, кои играат клучна улога во регулација на крвниот притисок. Постојат бројни истражувања кои покажале дека флаваноидите во какаото помагаат во намалување на крвниот притисок и воедно штитат од срчеви болести кои често се поврзуваат со високиот крвен притисок.

Темното чоколадо, кое во висок процент содржи какао, исто така е моќен сојузник против крвниот притисок.

Loading...

Куркума

Една од познатите прехрамбени предности на куркумата се однесува на нејзините способности за намалување на воспаленијата во целото тело. Бидејќи воспаленијата се примарната причина за високиот холестерол и високиот крвен притисок, куркумата може да помогне во подобрување на кардиоваскуларните функции и одржување на здрав проток на крвта. Кога се конзумира во комбинација со бибер помага во опуштање на крвните садови и исфрлање на задржаната вода. Куркумата е природен растворувач на крвта, што е уште еден начин на кој оваа моќна билка се бори против хипертензијата.

Лук

Лукот е уште еден природен лек кој го намалува нивото на холестерол и високиот крвен притисок. Ако сакате да го избегнете непријатниот мирис предизвикан од конзумација на лук послужете се со суплементи во облик на таблети или капсули.

Чај од хибускус

Три чаши чај од хибискус дневно можат да ви помогнат во намалување на крвниот притисок. Фитохемикалите во хибискусот се одговорни за редукцијата на крвниот притисок.

Внимавајте на:

Солта

Многу од луѓето кои страдаат од висок крвен притисок се чувствителни на сол. Затоа што не може да се одреди дали некоја индивидуа е сензитивна на натриум, секој треба да го намали внесувањето на сол во организмот.

Кофеинот и никотинот

Кофеинот го зголемува крвниот притисок преку затегање на крвните садови, како и поради зголемување на ефектот на стрес. Кога сме под стрес нашето тело пумпа повеќе крв со што се зголемува крвниот притисок. Кофеинот само ја влошува работата. Пијте безкофеинско кафе ако веќе морате. И заборавете ја цигарите.

Физичка активност

Физичката активност е добра за секој дел од телото. Вежбањето му помага на срцето да го користи кислородот поефикасно, па препорачливо е да вежбате кардио вежби од 30 до 60 минути, повеќе денови од неделата. Се препорачува пешачење, возење велосипед, јога и сл., како и комбинации на повеќе техника на вежбање.

Релаксирајте се со музика

Сакате да го намалите крвниот притисок? Во едно истражување каде биле вклучени 28 возрасни луѓе кои слушале класична, келтска или индиска музика 30 минути дневно додека дишат бавно било докажано дека музиката може да го намали крвниот притисок.