Како љубовта влијае врз здравјето?

Сподели со своите пријатели

Љубовта нè тера убаво да се чувствуваме во сопствената кожа. Кога сме во фаза на вљубување позитивно сме расположени, немаме апетит и сме насмеани. Затоа стручњаците велат дека љубовта му годи на здравјето.

Кога сме заљубени, сме послаби Адреналинот што се создава во нашето тело кога сме заљубени го потиснува и нашиот апетит. Нашата потреба за храна е помала, а тоа се одразува и на нашата дебелина. Заљубеноста и среќата го контролираат нашиот апетит.

Кога сме заљубени изгледаме помладо Заљубеноста го поттикнува развојот на хормонот ДХЕА. Тој се смета за еликсир на младоста и влијае врз зголемувањето на нивото на бета-ендорфин во мозокот, како и врз зголеменото либидо, поголемата волја за живот, намалувањето на стресот.Сето ова ни помага да се чувствуваме убаво и да изгледаме помладо.

Заљубените луѓе живеат подолго Според истражувањата од Универзитетот во Јута, заљубените луѓе на кои им е возвратена љубовта живеат подолго отколку самците. Кога се чувствуваме сакано, расте нашата самодоверба, а со тоа се намалуваат шансите да западнеме во депресија.