Како изгледа кога мачките ќе дојдат до „тревата“ на својата сопственичка? (видео)

Сподели со своите пријатели

Момент на невнимание, односно дваесетина минути на колку теглите со растението канабис биле оставени на балконот, биле доволни две мачки да се онесвестат.

Мачорот Гизмо марихуаната го омамила, што укажува дека заинтересираниот мачор ги џвакал растенијата се додека не паднал на земја. За среќа, на крајот се подигнал, што наведува до заклучокот дека немало потреба да оди на ветеринар.

Мачките и кучињата би требало да ги држите подалеку од канабисот, меѓутоа ако им веруваме на информациите пронајдени на една ветеринарска амбуланта од Америка, нема потреба за драма ако сепак во некој случај дојдат до вашата марихуана.

Интоксикацијата при помали количини обично исчезнува за 12 часа, па во суштина животното треба да го имате под око за да не се повреди доколку има проблеми со координација.

Исто така нужно е да внимавате да не дехидрираат.

Loading...