Како да пазарувате кога сте на диета?

Сподели со своите пријатели

Рим не беше изграден за еден ден и плочките на стомакот  нема како да се појават по еден оброк.

Ако сепак целта ви е да изгубите од телесната тежина, ви треба нова листа со купувања и да започнете да купувате повеќе стратешки. Што точно подразбираме:

Купувајте “во периметар”

Овој метод значи да се држиме до конкретни периметри во супермаркетот – имено оние на овошјето и зеленчукот и месото. Или поточно во периферијата на продавницата. Така ќе го избегнете очниот контакт со примамливите слатки рафинирани производи.

Можете мирно да се прошетате и околу штандот за житни и цели зрна и да се снабдите со киноа, наут, кафеав ориз или интегрално брашно, тестенини.

Никогаш не купувајте гладни

Гладот ​​може да го обземе мозокот и да ви ги диктира одлуките. А, тоа значи многу калории и нездрава храна, па не му дозволувајте.

Направете список

Така нема да се искушувате да купите производи кои ќе ве натераат да  го прекршите режимот. Ако претходно сте направиле листа на потребни производи за планираните јадења, нема да се оттргнувате излишно.

Ја читаме етикетата

Очигледно сакате да се држите подалеку од калоричната храна, полна со шеќери и конзерванси. Имајте на ум дека доста навидум “здрава” и “диетална” храна исто така содржи штетни состојки. Бирајте внимателно и читајте ја етикетата во детали.

Изберете ги правите продавници

Се разбира, квалитетната и корисна храна најчесто може да се најде во биомагазините или на соодветните штандови. Ако пак сте се фокусирале кон овошјето и зеленчукот, подобро да погледнете на некој отворен пазар отколку во локалното магазинче каде најверојатно ќе се спакувани и не толку свежи. Сирењето и млекото пак може да се најдат во соодветните млекарници.