Како да најдобро да ги искористите летни попусти?

Сподели со своите пријатели

Пред да тргнете во шопинг центарот за даги искорисите сите погодности на распродажбата, ви препорачуваме да ги прочитатите овие шест правила.

Не дозволувајте намалувањата да ве залажат – колку и да се примамливи цените, ништо не е евтино ако само го купите за да ни зазема простор во гардероберот. Замислете, едно британско истражување покажува дека купувачите поседуваат, но не ја носат купената болека за која вкупно се фрлени 30 милијарди фунти. Какво луксузирање.

Бидете мудар инвеститор – сега веќе сигурно имате доволно облека за оваа сезона и размислувате што доаѓа следно. Што би можеле поволно да го купите сега и да го носите на есен или во зима? Класичните сакоа и панталони, спортска гардероба, тоа може да ви биде добра инвестиција, но повторуваме, само ако ви се допаѓа. И добро размислете уште еднаш што навистина ви е потребно.

Не купувајте ништо што не можете да го носите со нешто што веќе го имате. Ако купувате некоја работа и тогаш повторно одите да купувате нешто што ќе може да го носите со тоа, веројатно вашиот шопинг нема да има поволна математика.

Размислете дали ве очекуваат во остатокот од годината некои важни, гламурозни настани, нечии венчавки, промоции, гламурозни забави. летните попусти се посебно добра шанса за купување на свечени фустани. И не само што ќе заштедите пари, туку ќе ја избегнете паниката за купување во последен момент во очи пред големиот настан.

Добро разгедајте ги работите пред да ги купите, но проценете го и квалитетот. Тоа секап е облека која половина година лежела во некој магацин и можно е да е оштетена, да има дамки кои не може да се отстранат, а вашите пари не се најдени на улица.

Не купувајте ништо што не ви стои добро со намера дека ќе го однесете на кројач за да го поправи или, уште полошо, со намера дека ќе ослабнете. Затоа штов еројатно нема да внимавате на исхраната, да вежбате или кројачот нема доволно добро да си ја сработи работата. Кога купвате на попуст, купувајте како да кеширате полна цена.

 

Loading...