Како да го зачините сексуалниот живот во долга врска?

Сподели со своите пријатели

На почетокот од врската, страста е на највисоко ниво, но како што поминува времето, постепено се намалува, што понекогаш може да биде разочарувачки.

Loading...

Следете ги овие неколку совети и возбудата секогаш ќе биде присутна во вашиот сексуален живот:

Спијте голи

Наједноставниот трик кој секогаш успева. Соблечете ги пижамите и легнете си голи. Според некои истражувања, паровите кои спијат голи имаат секс почесто. Допирот на вашата кожа со кожата на партнерот ги возбудува сетилата. Летото е идеално време за да го пробате овој мал трик.

Вечер само за вас

Одвојте време да организирате љубовен состанок. Подгответе мало изненадување за партнерот – топла купка или романтична вечера со свеќи. Не е толку важно што ќе испланирате, важно е да поминете квалитетно време еден со друг за да ја вратите страста и возбудата.

Гледајте заедно серија или филм

Научно е докажано дека гледањето серии или филмови заедно ја зацврстува врската. Почнете со заведување уште додека трае филмот. Новата технологија овозможува да стиснете пауза или да го снимите остатокот, па да го догледате подоцна.

Љубовна кутија

Сигурно има нешто што сакате да го направите со партнерот, но не се осудувате да го кажете на глас, или нешто што сакате партнерот вам да ви го прави, но ви е срам да кажете. Напишете ги желбите и фантазиите на лист и ставете ги во кутија. Потоа, наизменично прочитајте си ги пораките. Возбудата е загарантирана.

Време за родителите

Ако имате деца, тешко е да најдете време само за вас двајца и поради тоа, желбата за секс со тек на време опаѓа. Направете план некој да ви ги причува децата барем 1 час. Тоа време искористете го за максимално сексуално уживање.

crnobelo.com

Loading...