Каде се и со што се занимаваат Телетабиси? Пред улогата на Дипси бил гангстер (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Серијата „Телетабиси“ ја имаат гледано милијарда деца ширум светот во 120 земји на повеќе од 45 јазици. Актерите чии лица никогаш не успеавме да ги видиме за време на емитувањето признаваат дека никогаш не би прифатиле да облечат констим на Телетабис ако знаеле дека оваа емисија ќе биде толку популарна.

Бизарна вистина за Телетабиси која не сте ја знаеле (видео)

Loading...

Денес, по повеќе од две децении од емитувањето, секој од нив тргнал по својот пат, а еден актер доживеал трагичен крај.

Симон Шелтон Барнс кој неодамна починал го толкувал ликот на Тинки Винки. Се занимавал со актерство и балет и обично имал улоги во емисии за деца.

Пред неколку месеци бил пронајден мртов на улица како последица од хипотермија. Полициските истражувања покажале дека неговото беживотно тело било надвор повеќе од 24 часа, а досега не е откриено зошто воопшто бил на улица и како дошло до хипотермија.

Во своето последно интервју за ВВС зборувал за емисијата Телетабиси.

– Не верував дека ќе биде толку големо и познато, но чувствував дека серијата е посебна, рекол Симон Барнс.

https://youtu.be/JsPUlwcy_2Y

Пуи фан Ли која ја играла Пу и натаму се занимава со актерство. Обично добива главни улоги, но во многу познати филмови како што е „Дневникот на Бриџит Џонс“ во познатата серија на ВВС „Шеф“ и во ТВ серијата „Десмонд и Деби“.

Напишала неколку епизоди за детски серии кои и натаму се емитуваат во Велика Британија.

https://youtu.be/Aq_ztCVXH40

Џон Симит кој го играл ликот на Дипси Телетабисот со зелена боја, денес е комичар и често за време на своите настапи го споменува ангажманот во популарната серија.

Малку е познато дека тој пред оваа шоу се занимавал со сомнителни работи што и самиот го признал.

– Ми се јавија од ВВС и ми предложија да правиме детска емисија на што одговорив „Што, дали знаете кого вие повикавте? Гангстер да работи емисија за деца?“. Се смеев и сакав да одбијам, меѓутоа кога ми го предложија хонорарот веднаш започнав да преговарам. Инаку, да имав талент, мојата желба беше да бидам рапер, но што да се прави, раскажал Џон Симит.

Ники Смедлеј која ја играла улогата на Ла Ла има многу успешна кариера во детската продукција.

Моментално е директор, кореограф, перформер продуцент на разни детски содржини. Од сите членови на екипата актерката Ники е најуспешна, а за тоа сведочат и бројни награди кои ги добила ширум Европа.

Секоја епизода од Телетабиси започнуваше со излегување на сонцето на кое беше насмеано бебешко лице. Тоа бебе денес е голем човек, се вика Џес Смит и се занимава со танц.

Таа до 19. година го криела идентитетот кога на колегите од факутлет им кажала дека таа всушност била бебето од сонцето. Џес работа добила така што продуцентите од перосналот во болницата во која била Џес барале да им јават кога ќе видат насмеано бебе.

 

Loading...

 

Таа за улогата добила 250 фунти и кутија полна играчки.

Leave a Reply