11.01.2018 01:25

Јункер: Мораме да поставиме темели за прием на земјите од Западен Балкан

loading...

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека земјите од Западен Балкан заслужуваат перспектива како членки на ЕУ и дека мора да се постават темелите за нивниот прием.

– Земјите од Западен Балкан заслужуваат перспектива за пристап во ЕУ. Таа нема да биде спроведена во дело за време на мојот мандат на чело на Европската комисија, но мораме да ги поставиме темелите за тоа, а земјите мораат да се зафатат со неопходни реформи за да тој пристап може да се случи побрзо, рекол Јункер за Дојче Веле.

Тој додал и дека е добро тоа што Бугарија како една од најважните теми за време на претседателствувањето со Унијата прогласила приближување на Западен Балкан кон ЕУ и наведува дека важен чекор на тоа е самитот за Западен Балкан кој ќе се одржи на 17. мај.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments