Јункер: Демаркацијата со Црна Гора е услов за визна либерализација на Косово

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер ги повика денеска пратениците во Собранието на Косово да го ратификуваат договорот за разграничување со Црна Гора кој е предуслов за укинување на визите и влегување на Косово во Шенген зоната.

– Суштински е вашата земја бргу да изгласа рразграничување, кое суштински е неодминлив чекор кон визната либерализација, од што корист ќе имаат и граѓаните Албанци и Срби, рекол Јункер на заедничката прес конференција со претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Според неговите зборови, борбата против криминалот и корупцијата треба да се разбуди и додал дека не е задоволе што граѓаните на Косово се единствени во Европа кои не можат да патуваат без визи.

Leave a Reply