Јункер: Црна Гора може да биде пример за останатите држави во регионот

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и честиташе на официјална Подгорица за односите со соседите.

Јункер порача дека Црна Гора може да служи како пример на останатите земји од Западен Балкан.

Јункер во рамките на својата балканска турнеја, на која ги промовира стратегиите на ЕУ за проширување кон земјите од Западен Балкан, престојуваше и во Црна Гора, каде се сретнал со премиерот Душко Марковиќ.

– Со која брзина ќе бидат исполнети задачите од Стратегијата зависи од држава до држава. Не дојдов во Црна Гора за да давам празни ветувања, датумот за влегување во ЕУ зависи само од вас. Тој датум кој се поменува, 2025. година е само перспектива кон која треба да се оди со брзи чекори. И честитам на Црна Гора за политиката кон соседите, рекол Јункер на прес конференцијата.

Црногорскиот премиер рекол дека очекува земјата оваа година да отвори уште две поглавја во преговорите со ЕУ.

Leave a Reply